Трамп вели дека судирот меѓу хеликоптерот и авионот можел да се спречи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
US President Donald Trump speaks in the Roosevelt Room at the White House on January 21, 2025, in Washington, DC.,Image: 956216987, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изрази уверување дека судирот меѓу хеликоптерот на американската армија и патничкиот авион на компанијата „Американ ерлајнс“ можел и требало да се спречи.

„Авионот беше на совршена и рутинска линија за пристап до аеродромот. Хеликоптерот долго време се движеше право кон авионот. Беше јасна ноќ, светлата во авионот беа запалени, зошто хеликоптерот не се качи нагоре или надолу или не се сврти, зошто Контролната кула не им кажа на тие во хеликоптерот што да прават, наместо да ги праша дали го виделе авионот? Ова е лоша ситуација што требаше да се спречи“, напиша претседателот на САД на социјалната мрежа „Truth Social“.

Во втората објава за несреќата, Трамп упати благослов.

„Каква страшна ноќ беше ова. Господ да ве благослови сите“, напиша Трамп.

Да потсетиме, во американските медиуми се појавија детали за последните моменти пред судирот. Асошиетед прес пишува дека еден од контролорите на летот, на помалку од 30 секунди пред падот, го прашал пилотот на хеликоптерот дали може да го види авионот.

Share This Article