„Таа е чудна личност . Млада, лута личност. Не знам дали таа лутина е вистинска. Тешко е да се поверува, искрено, но видов што се случи. Таа е дефинитивно поинаква… Мислам дека ѝ треба курс за управување со лутина “.
Вака изјави американскиот претседател Доналд Трамп во врска со шведската активистка Грета Тунберг која ќе биде депортирана од Израел заедно со други активисти кои беа пресретнати во брод со хуманитарна помош за Газа.
Трамп вели дека Израел има „доста свои проблеми и без да ја киднапира Грета Тунберг“.
Активистите од Коалицијата „Флотила на слободата“ (FFC) беа најдени во едрилицата „Мадлин“, која превезуваше 12 лица и симболична хуманитарна помош за жителите на Газа. Бродот беше пресретнат од израелските сили рано наутро во понеделник, 9 јуни, и одвлечен до пристанишетот Ашдод.