Соработниците на американскиот претседател Доналд Трамп веруваат дека каков било договор со Украина е можен само доколку Володимир Зеленски поднесе оставка, пишува Блумберг, повикувајќи се на извори.
– Се чини дека американскиот претседател има поумерени ставови од некои членови на неговата администрација. (…) Европски претставник запознаен со преговорите рече дека некои советници инсистираат на оставка на Зеленски како дел од каков било договор – се наведува во извештајот.
Трамп денеска ќе се сретне со неговите врвни советници за национална безбедност, вклучително и државниот секретар Марко Рубио и секретарот за одбрана Пит Хегсет, за да разговараат и евентуално да преземат акција за стратегијата за Украина вклучително и прекин на воената помош, пишува Њујорк Тајмс.
Пред два дена при посетата на Зеленски на САД пред разговорите за потпишување на договорот за ретките минерали дојде до расправија меѓу Трамп, потпретседателот на САД Џеј Ди Венс и Зеленски.За време на состанокот Трамп побара Зеленски да прифати прекин на огнот и да престане да го критикува рускиот претседател Владимир Путин.