Американскиот претседател Доналд Трамп накратко се обрати на новинарите пред Белата куќа пред да замине на митинг во Мичиген по повод неговите први 100 дена на функцијата.
Една новинарка беше заинтересирана за тоа кој според него треба да биде новиот папа. Трамп се насмевна кога го слушна прашањето, одговарајќи: „Би сакал да бидам папа. Тоа би бил мојот прв избор.“
Тој продолжи да нагласува дека нема фаворити, но посочи дека Тимоти Долан, надбискупот на Њујорк, би можел да биде добар избор.
– Не знам. Немам омилен. Но, морам да кажам дека имаме кардинал од место наречено Њујорк кој е многу добар, па ќе видиме што ќе се случи – рече тој.
Конклавата за избор на нов папа и поглавар на Католичката црква, која брои 1,4 милијарди членови, ќе започне на 7 мај, потврди вчера портпаролот на Ватикан, Матео Бруни. Бројот на кардинални електори кои треба да изберат наследник на починатиот папа Франциск се намали на 133 откако двајца кардинали изјавија дека не можат да дојдат во Рим поради здравствени проблеми.