Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи откако Хамас денеска ослободи уште тројца израелски заложници, но не ги ослободи сите преостанати заложници.
Трамп пред неколку дена му даде ултиматум на Хамас денеска до 12 часот да ги ослободи сите израелски заложници, со порака дека ако тоа не се почитува, „целиот пекол ќе се ослободи“.
„Хамас штотуку ослободи тројца заложници од Газа, вклучително и еден американски државјанин. Се чини дека се во добра форма! Ова се разликува од нивната минатонеделна изјава дека нема да ослободат ниту еден заложник. Израел сега ќе треба да одлучи што да прави во врска со рокот во 12 часот напладне, кој е наметнат за ослободување на сите заложници. САД ќе ја поддржат секоја одлука што ќе ја донесат!“, напиша Трамп.