Background

Трамп разговараше со Трудо

Американскиот претседател Доналд Трамп во денешниот телефонски разговор му кажал на канадскиот премиер Џастин Трудо дека неговата „слаба погранична политика“ овозможила шверц на големи количини фентанил во САД.

– За сите кои се заинтересирани, му кажав на канадскиот гувернер Џастин Трудо дека тој во голема мерка предизвика проблеми што ги имаме со нив поради неговата слаба гранична политика, која овозможила огромни количини фентанил и илегални мигранти да влезат во САД. Овие политики се одговорни за смрт на многу луѓе – наведе Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Трамп рече дека разговорот бил одржан на барање на канадскиот премиер во врска со царините кои американската администрација и ги воведе на Канада.

- Advertisement -
Ad image

– Џастин Трудо, од Канада, ми се јави да праша што може да се направи во врска со царините. Му реков дека многу луѓе умираат од фентанил кој дошол преку границите на Канада и Мексико и ништо не ме убеди дека тоа престанало. Тој рече дека станало подобро, но јас реков: „Тоа не е доволно добро“ – наведе Трамп.

Според него, разговорот завршил „донекаде“ на пријателски начин.

– Не можеше да ми каже кога се одржуваат изборите во Канада, што ме заинтересира, како, што се случува овде? Тогаш сфатив дека се обидува да го искористи ова прашање за да остане на власт. Среќно Џастин –  порача американскиот претседател.

Си-Би-Ес Њуз објави дека тоа е прв разговор меѓу Трамп и Трудо откако стапија во сила американските царини од 25 отсто за стоки од Канада и Мексико.

Неименуван владин претставник изјави за тој телевизиски канал дека во разговорот учествувале и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и министерот за трговија Хауард Лутник.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation