Светот не е далеку од трета светска војна, но моето претседателство ќе ја спречи таа катастрофа, рече синоќа американскиот претседател Доналд Трамп.
– Брзо се движам за да ги завршам војните, да ги решам конфликтите и да донесам мир во светот. Сакам мир. Никој нема корист од трета светска војна, а вие не сте далеку од неа. Ако администрацијата на (поранешниот претседател Џо) Бајден останеше уште една година, сега ќе бевме во војна – изјави Трамп на самитот „Инвестирање во иднината“ во Мајами.
Тој ѝ се заблагодари на Саудиска Арабија за организирањето на преговорите меѓу САД и Русија, а во врскасо Украина, нарекувајќи ги „голем чекор“.
Претходно, Трамп остро го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски, нарекувајќи го „просечен комичар“ и „диктатор“.
„Ја сакам Украина, но Зеленски ја уништи својата земја. Милиони луѓе загинаа, а тој не може да ја запре војната без да разговара со Русија“, рече Трамп, кој влезе во жестока дебата со Зеленски на социјалните мрежи.