Претседателот на САД, Доналд Трамп, вчера објави дека во заливот Гвантанамо ќе биде подготвен објект за 30.000 мигранти, со кој ќе управуваат Пентагон и Министерството за домашна безбедност.
Во американската поморска база, во тој залив на Куба веќе е сместен објект за мигранти кој со децении се користи наизменично, вклучително и за сместување Хаиќани и Кубанци, спасени на море.
– Денеска, исто така, потпишувам извршна наредба со која се упатуваат министерствата за одбрана и домашна безбедност да започнат со подготовка на објект за 30.000 мигранти во заливот Гвантанамо – рече Трамп во Белата куќа.
Тој објасни дека објектот ќе се користи за „приведување на најлошите криминални илегални мигранти кои му се закануваат на американскиот народ“.
Затворот Гвантанамо беше основан во 2002 година од тогашниот претседател Џорџ В. Буш за странски осомничени милитанти по нападите врз САД на 11 септември 2001 година. Во него сè уште има 15 затвореници.
Но, мигрантскиот објект е одделен од тој озлогласен затвор со високо обезбедување за странци, осомничени за тероризам.
Американската војска во вторникот објави дека ќе им дозволи на имиграциските и на царинските служби да приведат мигранти во воздухопловната база Бакли во Колорадо.
Одлуката е донесена откако Трамп претходно нареди депортација на мигрантите од земјата со американски воени летови и распоредување на нешто повеќе од 1.600 војници на границата со Мексико.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
