Background

Трамп очекува да ја реши и кризата меѓу Авганистан и Пакистан

Многу брзо ќе ја решам кризата меѓу Авганистан и Пакистан, рече вчера американскиот претседател, Доналд Трамп, и тоа во време кога во Истанбул се оддржуваше вториот ден од мировните преговори.

– Слушнав дека Пакистан и Авганистан започнаа разговори. Но, ќе го решам тоа многу брзо. Лидерите на Пакистан се одлични луѓе – рече Трамп на маргините на самитот на АСЕАН во Малезија.

Трамп ја даде изјавата за време на потпишувањето на мировниот договор меѓу Тајланд и Камбоџа.

- Advertisement -
Ad image

Државниот медиум на талибанците, РТА, вчера објави дека, по 15 часа „континуирани разговори“, авганистанската страна доставила нацрт-документ со кој бара Пакистан да го почитува територијалниот интегритет и воздушниот простор на Авганистан и да не дозволи пакистанската територија да се користи за активности против земјата.

Во нацрт-документот, како што се наведува, се предлага формирање на „четиристран механизам за надзор на прекинот на огнот“ и размена на информации за неговите можни прекршувања.

Според РТА, пакистанската делегација го доставила својот нацрт-одговор во саботата вечер.

Втората рунда преговори меѓу делегациите на двете земји започна во саботата во Истанбул, со цел привременото примирје постигнато претходно овој месец во Доха да се претвори во трајна рамка за мир и безбедност.

Пакистанската армија во неделата објави дека убила 25 милитанти за време на „одбивањето на два големи обиди за инфилтрација“ долж границата, дури и додека разговорите во Истанбул беа во тек. Во судирите наводно биле убиени пет пакистански војници.

Во претходните судири претходно овој месец во Авганистан беа убиени десетици, а ранети стотици цивили.

Пакистан негира дека гаѓал цивилни цели и тврди дека нападите биле насочени кон милитантите и нивните скривалишта.

Двете соседни земји, како што објаснуваат американските медиуми, со месеци се во жесток безбедносен спор, а деновиве имаа и вооружен конфликт, во кој е регистриран најголем број жртви во последните неколку години.

Судирите предизвикаа загриженост во регионот, каде што екстремистичките групи како Ал Каеда се обидуваат повторно да се активираат.

Пакистан го обвинува Авганистан дека не ги спречува милитантите да ја преминат границата и да напаѓаат пакистански цели, додека властите во Кабул, предводени од талибанскиот режим, ги отфрлаат обвинувањата.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation