Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека му наложил на Министерството за правда да ги отпушти сите преостанати обвинители од „ерата“ на претходниот претседател Џо Бајден. Според Трамп, „одделот е политизиран како никогаш досега“.
„Мораме веднаш да ја исчистиме куќата и да ја вратиме довербата. Златното доба на Америка мора да има фер правосуден систем – тоа почнува денеска“, наведе Трамп во објава на социјалната мрежа Тру соушл.