Трамп не се откажува од одлуката од 2018 година

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги повлекол САД од УНЕСКО, јави Ројтерс. Со новиот потег Трамп ја повтори одлуката од првиот мандат во 2018 година кога ја повлече земјата од  оваа агенција на Обединетите Нации.

„Овој потег ќе биде удар за агенцијата со седиште во Париз, основана по Втората светска војна, за промовирање на мир преку меѓународна соработка во образованието, науката и културата“, соопштија дипломатски извори за медиумот.

Трамп во првиот мандат изврши слични чекори кога ги повлече САД од Светската здравствена организација(СЗО), Советот на Обединетите нации за човекови права, Парискиот климатски договор и од Нуклеарниот договор со Иран.

Сите овие одлуки биле поништени од Џо Бајден веднаш по преземањето на функцијата во 2021 година, кога Соединетите Држави повторно станале членки на УНЕСКО, СЗО и Парискиот договор.Претходно, во 1984 година, САД се повлекле од УНЕСКО поради наводи за лошо финансирање и антиамериканска пристрасност на организацијата, но се вратиле во 2003 година под администрацијата на Џорџ Буш Постариот.

Колкав уддел во финансирањето на УНЕСКО имаат САД? САД учествуваат со околу 8 % од вкупниот буџет на УНЕСКО, што е значително помалку отколку пред неколку години кога таа бројка била околу 20 %.

Американското влијание и финансирање во агенцијата веќе се намалиле, но експертите сметаат дека и ова повторно повлекување ќе има ограничен ефект врз програмите што ги поддржувала Америка.

УНЕСКО, која е најпозната по одредувањето на светското наследство како што се Големиот Кањон во САД и античкиот град Палмира во Сирија, сега ќе мора да функционира без значителниот американски придонес.

Со новиот курс на американската надворешна политика, се отвораат прашања за иднината на меѓународната соработка и глобалното лидерство на САД во клучни сектори како образованието и културата.

Share This Article