Американскиот претседател Доналд Трамп предложи САД да воведат царина од 50% на производи од Европската Унија. Тој вели дека блокот е „многу тежок за справување“ и дека создава „моќни трговски бариери, монетарни манипулации и неоправдани тужби против американски компании“.
„Нашите дискусии со нив не водат никаде! Затоа, препорачувам директна царина од 50% за Европската Унија, почнувајќи од 1 јуни 2025 година. Нема царина ако производот е направен или произведен во Соединетите Држави. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање!“, се огласи Трамп на својата социјална мрежа „Trith Social“.
Тој обвини дека овие практики довеле до трговски дефицит од над 250 милијарди долари годишно, што го нарече „целосно неприфатливо“.
Администрацијата на Трамп веќе водие трговска војна со ЕУ, особено околу царините за челик, автомобили и за технологија.