Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Иран ќе ги продолжат разговорите за нуклеарниот договор во четврток, додавајќи дека Техеран е тежок преговарач и дека главната пречка за договорот е збогатувањето на ураниумот.
– Во моментов работиме многу на Иран. Тешко е. Тие се одлични преговарачи – изјави Трамп за новинарите на економскиот форум во Белата куќа.
Како што рече, „тие само бараат работи што не можете да ги направите. Тие не сакаат да се откажат од она што мора да го откажат“.
– Тие бараат збогатување. Ние не можеме да имаме збогатување. Ние сакаме спротивното. И досега не го добиле – рече тој.
– Тие ни го дадоа своето мислење за договорот. И јас реков, знаете, тоа едноставно не е прифатливо – рече Трамп, додека Техеран планира да поднесе контрапредлог до Вашингтон.
Трамп, исто така, рече дека во понеделник разговарал за Иран со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека разговорот поминал добро, пренесува Ројтерс.