Трамп му се закани на рускиот политичар, го нарече „пропаднатиот поранешен претседател“

Lorita
By Lorita
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на САД, Доналд Трамп, остро го предупреди „пропаднатиот“ поранешен претседател на Русија, Дмитриј Медведев, и го повика да „внимава што зборува“, откако Медведев го исмеа американскиот претседател на социјалните мрежи, објави Индепендент.

„Русија и САД речиси и да немаат бизнис заедно. Ајде така и да остане“, напиша Трамп на неговата социјална платформа Трут сошал, откако претходно ја критикуваше блиската врска меѓу Индија и Русија.

Потоа се нафрли и на Медведев.

„Кажете му на Медведев, пропаднатиот поранешен претседател на Русија, кој мисли дека сè уште е претседател, да внимава што зборува. Влегува во многу опасна територија!“, додаде Трамп.

Како почна острата размена меѓу Трамп и Медведев?

Медведев, кој беше поставен на функцијата претседател во 2008 година од Владимир Путин поради ограничувањата на мандатот, го исмеа последниот ултиматум на Трамп, со кој побара Русија да прифати прекин на огнот во Украина.

За време на неговата посета на Турнбери, Шкотска, во понеделникот, Трамп изјави дека Путин мора да направи напредок во прекинот на војната во Украина во рок од „10 или од 12 дена од денес“, скратувајќи го претходниот 50-дневен рок за преговори.

Неколку часа подоцна, Медведев возврати со жестока објава на социјалната мрежа Икс, упатена кон Трамп, кој во својата претседателска кампања за 2024 година постојано ветува дека ќе ја заврши руската офанзива врз Украина уште првиот ден во функција.

„Трамп си игра со ултиматуми кон Русија: 50 дена или 10… Треба да запомни 2 работи. 1. Русија не е Израел, а ниту Иран. 2. Секој нов ултиматум е закана и чекор кон војна. Не со Украина, туку со неговата сопствена земја“, рече Медведев.

Преземајќи термин од самиот Трамп, Медведев го предупреди да не „оди по патот на Заспаниот Џо“, алудирајќи на поранешниот претседател Џо Бајден, што според него би можело да доведе до директен судир меѓу Русија и САД.

- Advertisement -
Ad image

Неколку часа подоцна, Медведев, сега заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, го искажа својот став и за сенаторот од Јужна Каролина, Линдзи Греам, откако овој републиканец побара од него да „седне на мировната маса“.

„Не е ни до тебе ни до Трамп да диктирате кога да ‘седнеме на мировната маса’. Преговорите ќе завршат кога ќе се исполнат сите цели на нашата воена операција. Работи на Америка, дедо!“, изјави Медведев.

Казна за Индија?

Порано во средата, Трамп објави планови да ја казни Индија поради купување руско оружје и нафта, како дел од обновениот пакет царини наречен „Ден на ослободувањето“ (Liberation Day), кој треба да стапи во сила во петок. Покрај тоа, тој ја потврди својата закана за воведување 25% царини на индиски увозни производи.

- Advertisement -
Ad image

Иако претходно ја нарекуваше Индија „пријател“, Трамп ја засили критиката кон оваа земја за време на неговото обраќање упатено кон Медведев.

„Не ми е гајле што прави Индија со Русија. Нека си ги влечат мртвите економии заедно, не ми е важно. Ние имаме многу малку трговија со Индија, нивните царини се премногу високи, едни од највисоките во светот“, напиша Трамп.

Share This Article