Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека ќе го скрати рокот од 50 дена што ѝ го даде на Русија за завршување на војната во Украина, велејќи дека е разочаран од рускиот претседател Владимир Путин.
– Разочаран сум од претседателот Путин. Ќе ги скратам 50-те дена што му ги дадов – рече Трамп пред средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска, но не прецизираше каков ќе биде новиот рок.
Американскиот претседател, исто така, рече дека лидерите на Руанда и на Конго ќе дојдат во Вашингтон откако двете земји потпишаа мировен договор минатиот месец.