Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ќе ја блокира новинската агенција Асошиејтед прес (АП) од пристап во Овалниот кабинет во Белата куќа и во претседателскиот авион „Ер Форс 1“, сè додека агенцијата не престане да го користи називот Мексикански Залив.
Во јануари, Трамп потпиша указ со кој му наложи на Министерството за внатрешни работи да го смени името на големиот водниот басен јужно од САД од Мексикански Залив во Американски Залив. Агенцијата Асошиејтед прес, повикувајќи се на своите уреднички стандарди, соопшти дека ќе продолжи да го користи традиционалното име на заливот.
Белата куќа минатата недела не ѝ дозволи на АП да присуствува на неколку прес-случувања, оценувајќи дека одлуката на агенцијата создава поделби и ширење на дезинформации.
– Ќе ги држиме надвор, сè додека не се согласат дека ова е Американскиот Залив – изјави синоќа Трамп пред новинарите во неговиот имот „Мар-а-Лаго“ во Флорида.
АП соопшти дека терминот Мексикански Залив се користи повеќе од 400 години, а таа, како глобална медиумска агенција ќе продолжи да го користи оригиналното име, но, истовремено, ќе го нотира и новото име кое го воведе Трамп.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖