Американскиот претседател Доналд Трамп во среда потпиша извршна наредба со која се забранува влез на граѓани од 12 земји, објави CBS News, повикувајќи се на извори од администрацијата.
На листата се наоѓаат седум африкански земји (Чад, Конго, Екваторска Гвинеја, Еритреја, Либија, Сомалија, Судан), четири азиски (Авганистан, Мјанмар, Иран и Јемен) и една северноамериканска (Хаити).
Дополнително, влезот на граѓани од седум други земји ќе биде делумно ограничен, имено Бурунди, Куба, Лаос, Сиера Леоне, Того, Туркменистан и Венецуела.
„Претседателот Трамп го исполнува своето ветување да ги заштити Американците од опасни странски актери кои сакаат да влезат во нашата земја и да им наштетат“, напиша портпаролката на Белата куќа, Абигејл Џексон, на X.
Белата куќа објави дека забраните ги погодуваат оние земји кои претставуваат „висок безбедносен ризик за САД“.
Трамп направи сличен потег во својот прв мандат, кога објави забрана за влез на патници од седум земји со муслиманско мнозинство. Сепак, таа одлука беше поништена од поранешниот претседател Џо Бајден во 2021 година, нарекувајќи ја „дамка врз совеста на американската нација“.