Background

Трамп и Путин за време на нивниот телефонски разговор денеска се согласија дека војната меѓу Русија и Украина мора да заврши со „траен мир“ и преговорите за таа цел ќе започнат веднаш

Американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин за време на нивниот телефонски разговор денеска се согласија дека војната меѓу Русија и Украина мора да заврши со „траен мир“ и преговорите за таа цел ќе започнат веднаш, соопшти Белата куќа.

„Лидерите се согласија дека движењето кон мир ќе започне со прекин на огнот во енергетскиот и инфраструктурниот сектор, како и технички преговори за спроведување на прекин на огнот во Црното Море, целосен прекин на огнот и траен мир“, се вели во соопштението објавено по разговорот.

Овие преговори ќе започнат веднаш на Блискиот Исток, се додава во документот.

- Advertisement -
Ad image

Путин се согласи со предлогот на Трамп, Русија и Украина да престанат да удираат меѓусебно врз енергетската инфраструктура 30 дена. Руските медиуми јавија дека по разговорот со Трамп, Путин ѝ наредил на војската да ги запре нападите врз овие цели на 30 дена.

Кремљ соопшти дека двајцата лидери имале „детална и искрена размена на мислења“ за Украина.

Кремљ истакна дека „клучниот услов“ за спречување на понатамошна ескалација на конфликтот е „целосен прекин“ на странската воена помош и размена на разузнавачки информации со Украина.

„Двајцата лидери се согласија дека иднината со подобрени билатерални односи меѓу Соединетите Држави и Русија ветува многу. Тоа вклучува огромни економски договори и геополитичка стабилност откако ќе се постигне мир“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Белата куќа вчера објави дека американскиот претседател е „решен“ да постигне договор за ставање крај на руската војна против Украина и дека светот е блиску до мир.

Претходно, специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф, ја посети Русија и се сретна со Путин за да разговара за предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот.

Кремљ соопшти дека преку Виткоф му биле пренесени „дополнителни сигнали“ на Трамп.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation