Background

Трамп го повтори својот план за Палестинците

Последната објава на претседателот на САД, Доналд Трамп, на социјалните мрежи го детализира неговиот план за Газа, иако голем дел од тоа останува нејасно и некои елементи веќе се побиени од неговите сопствени функционери, пишува Би-Би-Си.

На својата платформа Трут сошал, Трамп напиша дека Израел „ќе им ја предаде Газа на САД по завршувањето на борбите“.

„Израел ќе им го предаде Појасот Газа на Соединетите Американски Држави по завршувањето на борбите. Палестинците, луѓето како Чак Шумер, веќе ќе беа преселени во многу побезбедни и поубави заедници, со нови и модерни домови во регионот“, се вели во неговата објава на Трут сошал.

- Advertisement -
Ad image

Трамп смета дека Палестинците ќе добијат шанса да бидат среќни, безбедни и слободни.

„Тие всушност би имале шанса да бидат среќни, безбедни и слободни. САД, кои работат со големи развојни тимови од целиот свет, полека и внимателно би ја почнале изградбата на она што ќе стане еден од најголемите и најспектакуларни случувања од ваков вид на Земјината топка. Нема да бидат потребни војници од САД! Би владеела стабилност за регионот!“, напиша Трамп.

Чак Шумер, од еврејско потекло, е лидер на малцинството во Сенатот и демократ. Во говорот минатата недела тој го критикуваше Трамп дека постапките му се „непромислени и незаконски“.

Планот на Трамп предвидува Израел првин да ги протера сите Палестинци, а САД потоа да ја преземат територијата.

Сепак, Трамп вели дека ова би било направено без употреба на американски војници.

Тој веќе рече дека САД нема да платат за сето тоа, а дека реконструкцијата ќе биде финансирана од други земји за „луѓето во светот“ да можат да живеат во Газа додека повеќето Палестинци би биле „преселени… трајно“ на друго место.

Трамп првпат го објави својот план за Газа во вторникот вечерта, велејќи дека сака САД да заземат „долгорочна сопственичка позиција“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation