Претседателот на САД, Доналд Трамп, во четвртокот ја доведе во прашање и посветеноста на САД кон НАТО и солидарноста на сојузничките земји во трансатлантскиот одбранбен сојуз, што предизвика реакција од Емануел Макрон, кој повика на „почит“.
– Ако не платат, нема да ги бранам – им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.
Тој додаде дека земјите-членки на НАТО „треба да платат повеќе“.
– Мојот најголем проблем со НАТО е тоа што ако САД имаат проблем и ако ја повикаме Франција или други земји, што нема да ги именувам, и речеме „имаме проблем“, дали мислите дека ќе дојдат да ни помогнат, како што треба? Не сум сигурен – рече Трамп.
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, му одговори на претседателот на САД, Доналд Трамп.
– Ние сме лојални и верни сојузници. Отсекогаш сме биле таму еден за друг – изјави Макрон за новинарите во Брисел по состанокот на лидерите на ЕУ на кој тие се согласија да ја зајакнат одбраната на Европа.
Претседателот на Франција истакна дека Франција чувствува „почит и пријателство“ кон САД и кон нивните лидери и дека таа самата „има право да го бара истото“ од Американците, објави Франс 24.
САД, кои потрошија речиси 3,3% од својот бруто домашен производ (БДП) за одбрана во 2024 година, веќе неколку години ја критикуваа слабоста на европските воени трошоци. Трамп во јануари рече дека земјите-членки на НАТО треба да потрошат пет отсто од својот БДП за одбрана.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
