Трамп ги крати буџетските трошоци секаде кајшто може

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот Стејт департмент во рамки на обидите на владата да ги намали трошоците на јавниот сектор денеска нареди да прекинат сите претплати на медиумите како дел од обидот на владата да ги намали трошоците во јавниот сектор.

Претседателот Доналд Трамп го задолжи милијардерот Илон Маск да го води владиниот тим за намалување на трошоците, кој сега спроведува ревизии на федералните агенции кои бараат начини за намалување на трошоците. Стејт департментот објави дека ги суспендирал сите „претплати на медиумите кои не се академски или професионални списанија“, без да открие колку долго тоа ќе трае.

„Вашингтон пост“, кој прв ја објави наредбата за претплати на медиумите во средата, цитираше и меморандум на Стејт департментот во кој им се упатува на вработените да му дадат приоритет на раскинувањето на договорите со „Економист“, „Њујорк Тајмс“, „Политико“, „Блумберг њуз“, „Асошиеjтед прес“ и „Ројтерс“, пренесе Ројтерс.

Белата куќа на почетокот на февруари нареди откажување на претплатите на медиумот Политико, откако медиумот беше критикуван дека наводно примал уплати од американската Агенција за меѓународен развој за претплати на нејзината премиум вести услуга „POLITICO Pro“.

Американскиот државен секретар Марко Рубио истакна дека сите трошоци на јавниот сектор мора да бидат усогласени со приоритетите на Трамп „Америка на прво место“.

Share This Article