Претседателот на САД, Доналд Трамп објави дека поразите на неговата Републиканска партија на вчерашните избори се должат на тоа што неговото име не било на гласачкото ливче, како и на парализа на федералниот буџет.
„Трамп не беше на гласачкото ливче и затворањето на владата се двете причини зошто републиканците ги загубија изборите, велат анкетарите“, напиша претседателот на САД на социјалната мрежа Трут соушл.
Во Вирџинија, дом на многу федерални службеници кои се погодени од делумното затворање на владата и масовните федерални отпуштања од страна на Трамп, гласачите ја избраа демократката Абигејл Спанбергер, првата жена гувернер во државата.
Во Њу Џерси, каде што Трамп го поддржа републиканскиот кандидат Џек Чиатарели и одржа неколку онлајн митинзи во негова корист, гласачите избраа да им ја препуштат власта на демократите и го избраа претставникот Мики Шерел.
И Њујорк, родниот град на Трамп, останува демократско упориште, каде вчера за градоначалник беше избран демократскиот социјалист Зохран Мамдани.



























