„Тој може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.
Вака објави американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа „Truth Social“ откако имаше тензичен состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски. На состанокот Зеленски размени нервозни изјави и обвинувања со Трамп и со потпретседателот на САД Џеј Ди Венс.
Зеленски набрзина го напушти западното крило на Белата куќа влегувајќи во црно теренско возило. Планираната прес-конференција со двајцата претседатели е откажана.
За време на состанокот на којшто требаше да биде потпишан договорот за користење на ретки минерални богатства на Украина, Трамп го обвини Зеленски дека се коцка со Третата светска војна и дека не е благодарен за досегашната американска помош во војната.
Трамп му порача на Зеленски „да направи договор или ќе излеземе“, игнорирајќи ги барањата на Зеленски за американски безбедносни гаранции за мир во Украина како дел од договорот.
Договорот за минерали не беше потпишан.
Зеленски сепак ќе даде интервју за „Фокс Њуз“ иако набрзина замина од Белата куќа, дознава Би-Би-Си.
По состанокот Трамп на својата социјална мрежа напиша:
„Денеска имавме многу значаен состанок во Белата куќа. Станаа јасни многу работи што никогаш не би можеле да бидат сфатени да не летаа искри и да немаше притисок. Неверојатно е она што излегува на површината кога има емоции, и јас утврдив дека претседателот Зеленски не е подготвен за мир доколку Америка е вклучена, бидејќи тој чувствува дека нашата вклученост му дава голема предност во преговорите. Но, јас не сакам предност, сакам МИР. Тој не ги испочитува Соединетите Американски Држави во прочуената Овална канцеларија. (Зеленски) може да се врати кога ќе биде подготвен за мир“.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
