Трагедија ја потресе Еребру, откако 20-годишниот фудбалер Хуго Мосхаген беше смртно застрелан на улица, во напад за кој се сомнева дека е извршен по грешка.
Младиот голман на БК Форвард бил застрелан доцна навечер, откако полицијата добила пријава за пукање непосредно пред полноќ. Тој бил пренесен во болница во критична состојба, но им подлегнал на повредите неколку часа подоцна.
Според првичните информации од истрагата, напаѓачот најверојатно го помешал со лице поврзано со криминални групи, што ја отвора можноста за фатална грешка.
Засега нема уапсени, а полицијата интензивно работи на расчистување на случајот.
Таткото на убиениот, Јоаким Гунарсон, со потресни зборови се прости од својот син.
– Ова е празнина. Во еден момент сте бесни, во следниот тажни. Го изгубивме нашето дете на целосно бесмислен начин – изјави тој за шведските медиуми.
Мосхаген важеше за еден од најперспективните млади голмани во регионот и сонувал професионална кариера. Неговата смрт доаѓа во период кога Шведска се соочува со зголемено насилство поврзано со криминални групи и употреба на огнено оружје, што дополнително ја вознемири јавноста.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
