Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа спроведоа заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода. Претходно, одржаа координативен состанок во полициската станица во Центар за нивните заеднички заложби.
– Целта на оваа иницијатива беше да се направи увид на состојбата со присуството на малолетници во доцните часови, да се разговара со нив и да се испрати јасна порака за важноста на превенцијата во борбата против малолетничката деликвенција. Од страна на МВР информираа дека ќе се разгледа и можноста во рамки на системот „Безбеден град“, кој што опфаќа камери на сообраќајници да се надогради со видео надзор на парковите – беше соопштено по средбата.
Оваа активност доаѓа непосредно по едногласното усвојување на иницијативата од страна на ЗЕЛС, а поднесена од Општина Центар, која се залага за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам.
– Вечерва, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, имавме можност да ја видиме состојбата на терен и директно да поразговараме со младите. Ова е одличен пример за тоа колку е важна координацијата меѓу локалната самоуправа, МВР и останатите надлежни институции во креирањето ефикасни механизми за превенција и заштита на јавниот ред и мир. Во следниот период ќе продолжиме со активни чекори за имплементација на усвоената иницијатива, со цел создавање безбедна средина за сите граѓани, особено за младите – изјави Ѓорѓиевски.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
