Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски донесе одлуки за разрешување на неколку високи полициски функционери по трагичниот пожар во Кочани.
Според информациите , сменети се седум раководни лица од СВР Штип и Кочани, вклучително и началници и командири од клучните сектори.
Oд функциите се разрешуваат:
– Началникот на Секторот за внатрешни работи Штип
– Помошник началникот на СВР Штип
Началникот на Одделението за полиција Штип
– Началникот на Одделението за криминалистичка полиција Штип
– Началникот на Одделението за внатрешни работи Кочани
– Командирот на Полициската станица од општа надлежност Кочани
– Началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани
Од Министерството најавуваат повеќе детали во текот на денот, кога ќе се одржи официјална прес-конференција на која Тошковски ќе ја образложи својата одлука.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
