42-годишниот Д.Б. од Тетово е лишен од слобода откако бил фатен како управува возило под дејство на алкохол. Тој бил запрен од страна на полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, кои во 01:15 часот по полноќ извршиле рутинска сообраќајна контрола.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, Д.Б. управувал возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистарски таблици, а по извршен алкотест било утврдено дека во крвта има 1,94 промили алкохол.
„Возачот бил веднаш приведен и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик за безбсирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.