Американскиот милијардер Илон Маск денеска предложи Ла Манш да се преименува во „Канал Џорџ Вашингтон“, во чест на првиот американски претседател.
„Ново име за водите што ги делат Англија и Франција“, напиша Маск во објавата на мрежата X, приложувајќи географска карта на теснецот со предложеното име напишано преку него.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно потпиша извршна наредба со која се наредува отпочнување на процесот за преименување на Мексиканскиот залив во „Заливот на Америка“ и нареди во следните 30 дена да се преземат мерки за официјална промена на името.