Независниот кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќира и кандидатот на Национална алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи водат тесна трка за градоначалник на Струга.
Од досега изброените гласови, Арсим Далипи води во поголемиот дел од изборните места кои имаат претежно албанско население. Според информациите, Далипи води во Лабуништа, Радолишта и Делогожда.
Според познавачите на приликите, се чекаат резултатите од градот Струга и од населените места кои претежно се со македонско население, од каде Ќира очекува победа.



























