Background

Тесла започна дигитална кампања за да го оправда предложениот, дарежлив пакет плати за Елон Маск, со порака дека нивниот шеф вреди билион (англиски трилион, 1.000.000.000.000 (10¹²)) долари

Пред годишниот состанок на акционерите, Тесла  започна дигитална кампања за да го оправда предложениот, дарежлив пакет плати за Елон Маск, со порака дека нивниот шеф вреди билион (англиски трилион, 1.000.000.000.000 (10¹²)) долари.

На страницата Votetesla.com беше објавено видео во кое претседателката на одборот Робин Денхолм и директорката Кетлин Вилсон-Томпсон го фалат.

 

- Advertisement -
Ad image

Аргументот на Тесла во корист на пакетот плата се базира на идејата дека Маск би можел да ја напушти компанијата ако акционерите не ја одобрат препораката на одборот. Тие тврдат дека не можат да си дозволат да го изгубат и дека тој „уникатно ги поседува лидерските квалитети потребни за… да ја постигне својата долгорочна мисија“.

Сепак, не е јасно дали сите акционери ќе се согласат со тоа, што значи дека состанокот во Остин, Тексас, ќе се претвори во вистински референдум за самиот Маск.

Неговото политичко свртување кон десно го направи еден од најполаризираните извршни директори во поновата историја.

Самиот Маск дополнително ги зголеми влоговите на X – социјалната мрежа што ја поседува – изјавувајќи дека судбината на Тесла „може да влијае на иднината на цивилизацијата“.

Тој го користи и своето  влијание за да ги засили гласовите на истакнати поддржувачи на договорот, вклучувајќи го Мајкл Дел од „Дел Технолоџис“, извршната директорка на „Арк Инвест“, Кети Вуд, и неговиот брат Кимбал, кој е член на одборот на Тесла.

Но, не се согласуваат сите. За некои, фокусот на Маск и сапуницата околу неговата плата е симптоматски за тоа како автомобилската компанија – која доживува пад на продажбата – ја изгуби насоката под негово водство.

-Неверојатно ми е дека компанија која се бори да продава автомобили би трошела пари за рекламирање за да продаде пакет за плати. Тесла треба да го врати фокусот на компанијата кон нејзината суштина – препродажба на електрични возила – рече Рос Гербер, извршен директор на „Гербер Кавасаки Велт енд Инвестмент Менаџмент“, која ги намали своите удели во Тесла во последниве години и ги засили критиките за насоката на компанијата.

За возврат на соговорот за плата Маск си постави цел да ја зголеми пазарната вредност на Тесла на 8,5 милијарди долари, од сегашните 1,4 милијарди долари.

Тој, исто така, ќе треба да го надгледува масовното проширување на автомобилите „Роботакси“ што се управуваат самостојно и да воведе милион од нив во комерцијална употреба – не е мал подвиг со оглед на нивното разочарувачко лансирање.

Ако тоа успее, заедно со исполнувањето на другите критериуми, Маск ќе добие 423,7 милиони нови акции, што би вредело речиси трилион долари ако се достигне целната пазарна вредност.

Секако, ова не е првата контроверзност околу платите во која влегоа Маск и Тесла. Претходно, Тесла двапати доби одобрение од акционерите за пакет плати вреден десетици милијарди долари, ако Маск успее да ја зголеми пазарната вредност на компанијата десеткратно но договорот не помина на суд.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation