Тешко семејно насилство се случило пред 3 дена во скопското село Петровец, се очекува насилникот, кој тешко ја повредил сопругата, да заврши во притвор.
„Јавен обвинител од ОЈО Скопје поведе постапка против едно лице за нанесување тешка телесна повреда. При вршење семејно насилство, осомничениот со умисла тешко телесно ја повредил неговата сопруга. По кратка вербална расправија на 28 октомври во семејниот дом, осомничениот 67-годишен жител на селото Петровец физички ја нападнал сопругата, ја удирал со раце и нозе по целото тело и по главата, ја гушел и се обидувал со ремен да ѝ ги врзе нозете“, соопшти Јавното обвинителство.
Жената на моменти губела свест, но успеала да се ослободи и преку прозорецот избегала кај соседите за да побара помош, се додава во соопштението.
„Од семејното насилство се здобила со тешки повреди – скршеници на три ребра и хематоми. Ценејќи ги сите околности, особено опасноста од бегство на осомничениот, но и веројатноста да го повторува насилството кое го вршел и во присуство на ќерките и малолетната внука, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, се вели во соопштението на ЈО.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
