Американскиот претседател Доналд Трамп во Овална Соба во Белата куќа го обвини украинскиот колега Володимир Зеленски дека се коцка со Третата светска војна, пишува Би-Би-Си.
– Она што го правите е непочитување кон земјата, оваа земја (САД) што ве поддржува многу повеќе отколку што многу луѓе велеа дека треба – рече Трамп.
Претходно Зеленски му порача на Трамп дека не смее да има компромис со рускиот претседател Владимир Путин во преговорите за мир во Украина.
Состанокот на лидерите започна со тензии. Трамп, заедно со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го обвинија Зеленски за непочитување.
– Дали еднаш кажавте благодарам за време на состанокот? – му рече Ди Венс на Зеленски.
Трамп му рече на Зеленски дека „ако не се усогласев со двете земји (Русија и Украина), никогаш немаше да имаш договор“.
– Јас не сум усогласен со Путин, не сум усогласен со никого. Јас сум усогласен со Соединетите Американски Држави – изјави Трамп додавајќи дека Зеленски има огромна омраза кон Путин.
Трамп рече дека и другата страна не е „баш вљубена“ во него.
– Ако сакаш да бидам тврд, можам да бидам построг од кое било човечко суштество што некогаш си го видел… но никогаш нема да постигнете договор на тој начин – му рече американскиот претседател на Зеленски.
Американскиот претседател изјави дека го цени договорот за минералите „затоа што ни требаше она што тие (Украинците) го имаа“.
– Сега нашата земја е ферски третирана – изјави Трамп.
Трамп им рече на новинарите дека НАТО и Европа мора да „стиснат на гасот“. Коментирајќи го договорот за минерали предложен од САД, тој вели дека „ тие зборуваат само за безбедноста. Реков ајде прво да се договориме“. Тој исто така додава дека и американскиот даночен обврзник мора да биде заштитен.
Новинарката од Би-Би-Си го праша Трамп дали ќе испрати повеќе оружје во Украина во случај да нема мир.
Тој одговори:
– Не чекаме да испратиме многу оружје, ние со нетрпение очекуваме да заврши војната. Одговорот е да. Но, се надевам дека нема да мораме да испраќаме многу бидејќи со нетрпение очекувам брзо да го завршам тоа.