Background

Тенкови гранатирале џамии и куќи во јужниот дел на Деир ал-Балах

Израелски тенкови во понеделникот за првпат влегоа во јужните и источните делови на палестинскиот град Деир ал-Балах во Газа – подрачје за кое, според израелски извори, војската смета дека можеби се држат некои од преостанатите заложници од страна на Хамас, објави Гардијан.

Медицински екипи од Газа соопштија дека најмалку тројца Палестинци се убиени, а неколкумина се повредени од тенковски гранати што погодиле 8 куќи и 3 џамии во реонот. Нападот следел еден ден откако израелската војска им наредила на жителите да се евакуираат, најавувајќи борби против милитантите на Хамас.

Овие напади и упадот на тенковите натерале десетици семејства, што сѐ уште биле во областа, да побегнат кон запад, кон крајбрежниот дел на Деир ал-Балах и кон блискиот град Кан Јунис.

- Advertisement -
Ad image

Во Кан Јунис, претходно во понеделникот, израелски воздушен напад усмртил најмалку 5 лица, меѓу кои маж, неговата сопруга и нивните 2 деца кои престојувале во шатор, соопштија медицински извори.

Израелските власти засега не дадоа официјален коментар за настаните во Деир ал-Балах и Кан Јунис.

Израелската војска соопшти дека досега не влегла во деловите од Деир ал-Балах, кои беа опфатени со наредбата за евакуација за време на тековниот конфликт, и додаде дека продолжува „да дејствува со голема сила за да ги уништи способностите на непријателот и терористичката инфраструктура во регионот“.

Израелски извори наведуваат дека причината поради која армијата досега се воздржувала од упад во тие области е сомнежот дека Хамас можеби таму држи заложници.

Се верува дека најмалку 20 од преостанатите 50 заложници во Газа се сè уште живи.

Семејствата на заложниците изразија загриженост за своите блиски и побараа од армијата објаснување како планира да ги заштити.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation