Времето утре ќе биде сончево и топло со мала локална облачност, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 7 до 18 степени Целзиусови, а максималните дневни температури – од 24 до 34 степени Целзиусови.
Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветар од северен правец.