Украина ги врати телата на 1.212 војници убиени во војната против Русија, соопштија властите во Киев задолжени за размена на затвореници, а во Москва, официјалниот претставник на Кремљ, Владимир Медински, изјави дека Украина ги вратила останките на 27 руски војници.Киев и Москва постигнаа договор на последната рунда разговори минатата недела за голема размена на тела на паднати војници, иако договорот беше нарушен од спор околу неговото спроведување.
Медински изјави во неделата дека Украина го одложила враќањето на првите 1.212 тела. Руските власти, исто така, изјавија дека камионите-ладилници што ги носеле останките чекале на границата пет дена пред Украина да ги прими.
Координативното тело на Украина соопшти дека е постигнат договор за враќање на телата, но дека не е договорен датум и ја обвини Русија за еднострани и некоординирани дејствија.
Двете земји разменија десетици воени заробеници под 25 години во понеделник, а во вторник сериозно ранети и болни затвореници, што е првиот чекор во серијата планирани размени.
Русија и Украина ќе разменуваат повеќе сериозно ранети и болни воени заробеници во четврток, објави Медински.