Техеран отворен за компромис, но не се откажува од збогатувањето на ураниум

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Иран е отворен за компромис во преговорите со САД за неговата нуклеарна програма, но правото на збогатување ураниум останува несомнено, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, за Си-Ен-Ен.

„Ако целта е да се осигури дека нуклеарната програма на Иран нема да биде милитаризирана, мислам дека тоа е нешто што лесно можеме да го постигнеме“, рече Багаеи во понеделник во Техеран.

Кога го прашале како би можел да изгледа еден компромис, Багаеи рекол: „Постојат многу начини“, без да навлегува во детали. Во исто време, тој нагласи дека Иран нема да се откаже од своето право на цивилна употреба на нуклеарна енергија, што останува клучна точка на спор во преговорите.

„Доколку намерата на САД е да им го одземат правото на Иранците на мирна нуклеарна програма, тоа би претставувало сериозен проблем и би го загрозило целиот процес“, додаде Багаеи.

По петтата рунда разговори во Рим во петокот, американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам, велејќи им на новинарите во Њу Џерси дека наскоро би можеле да има добри вести.

„Вчера и денес имавме многу добри разговори со Иран. Ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека можеби ќе имаме добри вести од таа страна“, рече Трамп.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ги опиша преговорите како „едни од најпрофесионалните досега“, но нагласи дека клучните прашања се „премногу сложени за да се решат во две или три рунди“.

Иако администрацијата на претседателот Трамп претходно инсистираше на целосно запирање на збогатувањето на ураниум од страна на Иран, што е клучно и за цивилна и за воена употреба, Багаеи вели дека американските преговарачи во пракса покажале помек став.

„Фактот дека преговорите продолжуваат покажува дека постои одредено разбирање дека Иран нема да се откаже од своето право на мирнодопска нуклеарна енергија под никакви околности“, рече Багаеи.

- Advertisement -
Ad image

Во март, директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изрази загриженост за зголемувањето на залихите на збогатен ураниум на Иран за 50 проценти за само три месеци. „Иран е единствената земја без нуклеарно оружје што збогатува ураниум до тоа ниво и тоа сериозно ме загрижува“, рече Гроси.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, претходно јавно ја отфрли можноста за договор и им порача на американските преговарачи да „не зборуваат глупости“, според соопштението објавено на неговата официјална веб-страница минатата недела.

Сепак, Багаеи останува оптимист и верува дека е можно да се постигне договор што би ги задоволил двете страни. „Ако навистина постои волја, има и начини. Не постои само еден начин, има многу начини“, рече тој.

- Advertisement -
Ad image

Во меѓувреме, американските претставници изјавија за Си-Ен-Ен дека Вашингтон има нови разузнавачки информации што укажуваат дека Израел се подготвува да нападне ирански нуклеарни постројки, дури и кога администрацијата на претседателот Трамп продолжува да се обидува да постигне дипломатски договор со Техеран.

Багаеи изјави дека Иран останува непоколеблив наспроти заканите за едностран израелски воен напад.

„Иранците нема да попуштат под никаков притисок. Кога ќе се користи таков јазик, Иранците ќе останат обединети и без сомнение ќе ја браниме нашата национална безбедност“, рече Багаеи.

Share This Article