Тажна вест доаѓа од градот Крешимир во Хрватска. Иван Ниниќ, легендарниот фудбалер на Шибеник и Динамо Загреб, не напушти на 78 години.
Иван Ниниќ – Ѓунѓулето одигра 500 натпревари за Шибеник, беше дел од големата генерација од Шубиќевац; Вукман, Грубишиќ, Подруг, Иван Ниниќ, Миљевиќ (Томиќ), Гргиќ, Бакмаз, Ловриќ, Вуковиќ, Аралица и Јуришиќ.
Ниниќ имаше кратки периоди и во Динамо Загреб и Динара Книн. Ниниќ по својата играчка кариера се испроба и во политиката, долгогодишен истакнат член на СДП, кој се издвојуваше по цврстите, бескомпромисни ставови, пратеник, а имаше и високи позиции во родниот Шибеник…
По желба на семејството Ниниќ тој ќе биде погребан во кругот на семејството.