Background

Тапет со голи жени и писмо од норвешката принцеза до сексуалниот претстапник Џефри Епштајн ја разбрануваа норвешката јавноста

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Тапет со голи жени и писмо од норвешката принцеза до сексуалниот претстапник Џефри Епштајн ја разбрануваа норвешката јавноста. Крунската принцеза Мете-Марит јавно призна дека направила лоша проценка, додека норвешкиот премиер застана зад тие зборови.

- Advertisement -
Ad image

– Покажав лоша проценка и жалам што имав каков било контакт со Епштајн. Едноставно е срамно – наведе принцезата.

Истовремено таа изрази длабоко сочувство со жртвите на злоупотребите поврзани со неговото име.

„Да ставиме тапет со голи жени во собата на синот?“

Во една електронска порака испратена од сметката на крунската принцеза Мете-Марит, Џефри Епштајн бил директно прашан дали мајката треба да предложи мотив со голи жени кои носат даски за сурфање како тапети за собата на нејзиниот син.

Токму оваа формулација, приватна, фамилијарна и визуелно експлицитна, ја шокираше норвешката јавност бидејќи ја прикажа природата на односот како интимна и неформална, далеку од протоколарен контакт, во време кога Епштајн веќе имал зад себе затворска пресуда за сексуални престапи.

Обвинение со 38 точки за синот престапник

Скандалот избувна во пресрет на судењето на синот на принцезата, Мариус Борг Хеиби, кое започнува во окружниот суд во Осло. Обвинителството поднесе 38 точки, меѓу кои силување и сексуален напад.

Едно обвинение се однесува на сексуален однос додека жената спиела. Три други случаи опишуваат напади врз жени кои биле неспособни, што норвешкиот закон исто така го третира како силување. Доколку биде прогласен за виновен, можно е да се соочи со најмалку 10 години затвор.

Ниту еден член на кралското семејство нема да присуствува на судењето.

Хеиби е син на Мете-Марит од претходна врска, пред таа да се омажи за принцот Хакон Магнус.

Неговиот биолошки татко е Мортен Борг, со кого Мете-Марит била во врска во 1990-тите. Кога таа се омажила за Хакон во 2001 година, Мариус имал околу 4 години, и оттогаш Хакон е негов очув, односно Борг Хеиби е негов посинок.

„И екс-премиерот на Норвешка сакаше да оди“

Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе ретко директно коментира кралски прашања. Сепак овојпат јавно се согласи со оценката за лоша проценка. Таквата позиција во Норвешка се смета за невообичаена и јасна.

Сторе потсети и на случајот со поранешниот премиер на Норвешка, кој планирал семеен одмор на приватниот остров на Епштајн, подоцна откажан.

Пораката беше недвосмислена. Контактите биле грешка, без разлика на функцијата.

„Мојот посинок е  важен член на семејството“

Со емотивна изјава се јави и сопругот на принцезата, принцот на Норвешка, Хакон Магнус, син на кралот Харалда.

– Нашите мисли се со сите што се погодени од овој случај. Разбираме дека ова е тежок период и сочувствуваме – рече Хакон, додавајќи дека неговиот посинок, Мариус Борг Хеиби, е важен член на семејството.

Мете-Марит во меѓувреме се соочува и со сериозна здравствена состојба. Таа боледува од белодробна фиброза и лекарите ја подготвуваат за листа за трансплантација на бели дробови.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation