Израелската армија ќе го окупира јужен Либан до реката Литани. Ова го изјави министерот за одбрана на Израел Бени Кац. Тоа е прва јасна најава за заземање територија во војната.
Кац порача дека армијата ќе ги контролира мостовите и дека ќе воспостави „одбранбен тампон“ долж границата.
Реката Литани се влева во Средоземното Море на околу 30 километри северно од израелската граница. Израелската армија веќе уништи 5 моста преку реката од средината на март. Во исто време, се уриваат објекти во пограничните села.
Израел тврди дека операцијата е насочена исклучиво против милитантната паравојска Хезболах. Според Кац, во зоните каде што делува групата треба да бидат испразнети од цивили поради операциите на Изарел.
Изјавата на Кац доаѓа откако министерот за финансии Безалел Смотрич претходно повика на анексија на истиот региоин.
Во меѓувреме Хезболах продолжува да го гаѓа Израел со ракети и со дронови.
На Блискиот Исток тлее и војната во Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп најави можен договор со Иран. Но, Техеран негира дека имал комуникација со Вашингтон.
Останува нејасно дали евентуален договор ќе опфати и прекин на огнот во Либан.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
