Дали администрацијата на доскорешниот претседател на САД Џо Бајден се обидела да го убие рускиот претседател Владимир Путин? Познатиот американски новинар Такер Карлсон вчера изнесе такво тврдење во нова епозода од неговото шоу во која разговараше со американскиот новинар Мет Таиби.н
– Поранешниот американски државен секретар Ентони Блинкен толку силно притискаше за вистинска војна, обидувајќи се, на пример, да го убие Путин – што администрацијата на Бајден се обиде. Тие се обидоа да го убијат Путин. Да, да, го направија тоа. Што е лудо – рече Карлсон во „Шоуто на Такер Карлсон“, емитувано на Икс.
Без да изнесе докази за своето тврдење, Карлсон во шоуто разработе сценарио во кое САД ќе успеат во атентатот.
– Ако, да речеме, Путин беше убиен… Добро, кој би ја презел тогаш власта во Русија? И што би се случило со сиот нуклеарен арсенал во земјата која е толку сложена што е невозможно странците да ја разберат? Лудо е дури и да се размислува за такво нешто – рече Карлсон.
Им требаше војната за да ги сокријат трагите, додде тој.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска одговори на тврдењето на Карлсон.
– Руските специјални служби прават сè што можат за да ја осигураат безбедноста на претседателот Владимир Путин – вели Песков, пренесе Тас.
Тврдењата на Карлсон беа прифатени од истакнатиот руски воен коментатор Сергеј Мардан.
„Администрацијата на Бајден планирала да го убие Путин. Така вели Такер Карлсон. Според него, на ова инсистирал поранешниот државен секретар Ентони Блинкен, кој, според Карлсон, практично ја концентрирал контролата врз администрацијата во свои раце, под слабиот претседател. Многу е веројатно дека тоа е вистина. Блинкен отсекогаш бил исклучително тврдоглав, личност која во принцип е подготвена да се бори не само до последниот Украинец, туку и до претпоследниот Американец. Се соочуваме со многу страшни откритија за активностите на претходната американска администрација “, рече Мардан.
Во февруари 2024 година, Карлсон го интервјуираше Путин, кој посочи дека ЦИА ја води американската влада, а не избраните функционери, и го обвини Западот за продолжување на војната.
Минатиот месец Карлсон го интервјуираше и долгогодишниот министер за надворешни работи на Путин, Сергеј Лавров, само неколку недели откако Русија лансираше хиперсонична ракета врз енергетските капацитети во украинскиот град Днепар.