Американскиот новинар Такер Карлсон во својот подкаст беше домаќин на британскиот водител Пирс Морган, а разговорот меѓу двајцата ескалираше во жестока дебата околу улогата на НАТО и неговото делување низ историјата.
Морган тврдеше дека НАТО е „исклучиво одбранбен сојуз кој никогаш не дејствувал агресивно или офанзивно“. Неговата изјава веднаш предизвика бурна реакција од Карлсон, кој зачудено го праша:
„Дали некогаш сте чуле за бомбардирањето на Југославија?“
Во обид да го одбрани својот став, Морган повторно потенцираше дека НАТО секогаш делувал дефанзивно. Но, Карлсон не се откажа:
„Навистина? Дали Косово беше создадено на одбранбен начин? Кој беше агресорот таму?“
Дискусијата продолжи со уште едно провокативно прашање од Карлсон:
„Кој во Југославија го нападна НАТО?“
Овој пат, Морган остана без конкретен одговор, што уште повеќе ја засили напнатоста во студиото.