Background

СЗО соопшти дека постои низок ризик од ширење на вирусот нипах од Индија и дека не препорачува воведување ограничувања за патување или трговија откога во земјата беа потврдени два случаја на зараза

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека постои низок ризик од ширење на вирусот нипах од Индија и дека не препорачува воведување ограничувања за патување или трговија откога во земјата беа потврдени два случаја на зараза.

- Advertisement -
Ad image

СЗО наведе дека Индија има капацитет да ги спречи таквите епидемии и дека нема докази за зголемен пренос на вирусот од човек на човек, со напомена дека е во постојана координација со индиските здравствени власти. Истовремено, не е исклучена можноста за понатамошно изложување на вирусот, кој циркулира меѓу популацијата на лилјаци во делови на Индија и соседен Бангладеш.

По потврдата на заразени во Индија, Хонгконг, Малезија, Сингапур, Тајланд и Виетнам оваа недела ги заострија аеродромските контроли за да спречат евентуално ширење на вирусот.

Вирусот нипах го пренесуваат овошните лилјаци и животните, како свињите, а кај луѓето може да предизвика треска и воспаление на мозокот. Стапката на смртност се движи од 40 до 75 отсто, не постои регистриран лек, а вакцините сè уште се тестираат. Преносот од лице на лице е отежнат и обично бара долготраен близок контакт. Според наводите на виролозите, ризикот за општата популација останува низок.

СЗО соопшти дека изворот на актуелната инфекција сè уште не е целосно разјаснет и оти вирусот нипах се класифицира како приоритетен патоген поради високата смртност и недостигот на лиценцирани вакцини или лекови.

Двајца здравствени работници заразени кон крајот на декември во источната индиска држава Западен Бенгал се наоѓаат на болничко лекување, соопштија локалните власти. Ова е седма документирана епидемија на нипах во Индија и трета во Западен Бенгал. Индија, особено сојузната држава Керала, редовно пријавува спорадични случаи на инфекцијата од 2018 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation