Топ Вести - Слушај сега
Светската здравствена организацијa (СЗО) повика да се зголемат даноците на слатките и алкохолните пијалаци бидејќи нивната употреба доведува до повисоки стапки на дебелина, дијабетес и други болести.
Децата и адолесцентите се особено погодени, според СЗО.
-Треба да се воведат даноци на вакви пијалоци или да се зголемат постојните .Ова би ги направило пијалоците поскапи, а со тоа би се консумирало помалку, а во исто време би се собрале повеќе пари за здравствениот систем – вели Светската здравствена организација.
Според податоците на СЗО, 116 земји низ целиот свет веќе ги оданочуваат безалкохолните и другите засладени пијалаци, но многу други пијалаци со висока содржина на шеќер сè уште не се опфатени со даноци, како што се 100% овошни сокови, засладени млечни пијалаци и инстант кафе или чаеви.
– Здравствените даноци се едни од најмоќните алатки што ги имаме за да го промовираме здравјето и да спречиме болести – изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
СЗО, исто така, истакна дека најмалку 25 земји, претежно во Европа немаат посебни акцизи за вино.
За разлика од виното, силните алкохолни пијалаци како што се овошните ракии, коњакот, вотката или вискито подлежат на данок на алкохол, додека пивото подлежи на посебен данок на пиво. Консумирањето алкохол може да доведе до болести, насилство и повреди и заболувања, предупредува еден од директорите на СЗО, Етјен Круг.
-Додека индустријата остварува профит, јавноста често ги сноси последиците по здравјето, а општеството економските трошоци – вели Круг.
Tagged as:
СЗО ПОВИКУВА ДА СЕ ЗГОЛЕМАТ ДАНОЦИТЕ НА СЛАТКИТЕ И НА АЛКОХОЛНИТЕ ПИЈАЛАЦИ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
