Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Л.Д.(26) од с.Зелениково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
„Пријавениот Л.Д.- полициски службеник во Сектор за известување и координација на состојби во МВР, на 21.04.2025 на подрачје на Кисела Вода во Скопје, пријавениот управувал возило со 1,65 промили алкохол во крвта и поминувајќи на полна линија го пресекол патот на друго патничко возило и на тој начин ја загрозил личната и безбедноста на возачот и патниците од другото возило. А откако запреле тој упатувал закани на другиот возач и удирал по неговото возило“, соопшти МВР.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник Л.Д. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина.
Tagged as:
па сакал да се тепа со друг возач Свртел на полна лента
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
