По повод големиот национален празник – 2. Август – Денот на Републиката, денеска делегација на Општина Охрид, предводена од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на илинденците во Градскиот парк.
Во знак на почит и сеќавање на илинденските херои, свежо цвеќе положија и пратеници, претставници на Сојузот на борци, претставници на јавни институции, како и делегации од политички партии.
Цвеќе беше положено и на „Прентов мост“ и во селото Плаќе, каде што се одржа историски час и пригодна културно-уметничка програма.
Традиционалната Илинденска програма оваа година е посветена на три големи јубилеи – 120 години од смртта на Христо Узунов, 150 години од раѓањето на Кирил Прличев и 150 години од раѓањето на Методија Патчев.
Tagged as:
СВЕЖО ЦВЕЌЕ ВО ЧЕСТ НА ИЛИНДЕНЦИТЕ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
