Background

Светските лидери кои ќе учествуваат на  самитот на Г20 во Мајами во декември годинава ќе бидат пречекани од златна статуа на американскиот претседател Доналд Трамп висока 6,7 метри

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Светските лидери кои ќе учествуваат на  самитот на Г20 во Мајами во декември годинава ќе бидат пречекани од златна статуа на американскиот претседател Доналд Трамп висока 6,7 метри, пишуваат американските медиуми.

- Advertisement -
Ad image

Статуата е наречена „Дон Колосус“ и ќе биде поставена, како што е планирано, во одморалиштето Трамп Нешнал Дорал, едно од централните места за самитот.

Проектот е финансиран од група крипто-инвеститори, а според нив, статуата е дизајнирана како промотивна алатка за мемекоин наречен $PATRIOT.

Според „Њујорк тајмс“, таа е изработена од бронза и ќе биде поставена на челична бетонска основа.

Изработена е од уметникот Алан Котрил, познат по изработката на скулптури на поранешни американски претседатели. Договорената вредност на скулптурата е 400.000 долари.

Котрил веќе објави фотографии од статуата на социјалните мрежи, а тие предизвикаа бројни позитивни реакции од корисниците.

Според планот, статуата ќе биде покриена со слој злато, што, пишува Индепендент, одговара на склоноста на Трамп кон луксуз, особено златни детали.

Иако е завршена, статуата моментално е во леарницата на „Котрил“ во Охајо поради финансиски спор со клиентот.

Уметникот тврди дека инвеститорите му должат 90.000 долари од вкупно договорените 150.000 долари за авторски права и создавање на скулптурата.

– Таа статуа нема да ја напушти мојата леарница додека не се плати целиот долг – вели Котрил.

Еден од инвеститорите вклучени во проектот, изјави дека уметникот ќе биде целосно платен пред официјалното откривање на споменикот.

-Во секој деловен договор, дел од средствата се задржуваат додека проектот не се заврши – рече тој.

Според најавите на американските власти, самитот на Г20 ќе се одржи на 14 и 15 декември, а Белата куќа тврди дека одморалиштето Трамп Национал Дорал ќе се користи според вообичаениот модел на трошоци, без да се остварува профит од американскиот Стејт департмент или странски влади.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation