Светски познатиот актер Том Круз (63) не се родил со тоа име. Неговото родено име е Томас Круз Мапотер Четврти, но уште како млад решил да го промени идентитетот и да ја прекине врската со токсичното семејно минато.
Круз е роден во 1962 година како Томас Круз Мапотер Четврти. Неговиот татко, Томас Круз Мапотер Трети, бил електроинженер, а мајката, Мери Ли Фајфер, наставничка за деца со посебни потреби. Тие одгледувале четири деца во католичко семејство со скромен начин на живот.
Кога имал само 12 години, родителите се развеле. Неколку години подоцна, во 1984 година, таткото починал од рак.
Круз не сакал само уметничко име што полесно се памети, туку и бегство од болното минато. Татко му, кого го опишува како „насилник“ и „кукавица“, му оставил длабоки трауми.
„Тоа беше голема животна лекција – те улулкува, те тера да мислиш дека си безбеден, а потоа – бум!“, изјави актерот во едно интервју.
„Секогаш имав чувство: нешто не е во ред со овој човек. Не му верувај. Биди претпазлив“, додаде тој.
На 18 години, кога заминал во Њујорк за да стане актер, Томас решил да се претстави како Том Круз – име под кое ќе ја изгради својата ѕвездна кариера.
Интересно е тоа не сите членови на семејст вото не се откажале од презимето. Неговиот вујко, актерот Вилијам Мапотер, останал верен на семејното презиме и стекна слава со улогите во серијата „Изгубени“ и во филмот Зодијак.
Круз не е единствениот лик од светот на џет-сетот што го сменил своето име. На пример, Меган Маркл, родена како Рејчел Меган Маркл, го избрала средното име за во јавноста. Истото го направиле и Шанаја Твејн (Ајлин Регина Едвардс), Тина Феј (Елизабет Стаматина Феј) и Рики Мартин (Енрике Моралес).
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
