Background

Сведокот Петар Марковски на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 луѓе, а над 210 беа повредени

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Сведокот Петар Марковски на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 луѓе, а над 210 беа повредени, рече дека видел како огнените прскалки го запалиле плафонот од сунѓер, кој по реновирањето бил спуштен пониско.

- Advertisement -
Ad image

Марковски (25) рече дека 7 години редовно ја посетувал дискотеката во Кочани, а со друштвото биле таму и во кобната ноќ, затоа што го сакале бендот ДНК и отишле на концертот. Исто како и претходните сведоци и тој опиша дека билетите ги купиле од Тодор, братот на сопственикот Дејан, а на влезот имало лица од обезбедување, кои проверувале лични карти и им ставале печати на рака на оние што купиле билети. Нему не му побарале лична карта, бидејќи го познавале.

Тој сведочеше дека во објектот постоел излез на задната страна, лево од бината, кој во претходните години бил функционален, но по реновирањето бил покриен со сепариња и не бил видлив. Рече дека слушнал дека тој излез се користел за малолетници доколку има полициска рација. Вечерта не видел никој да влегува или излегува од таа врата. И тој, како и останатите сведоци потврди дека на концертот на ДНК имало многу гости, меѓу кои и малолетници.

Марковски сведочеше дека и во претходните години во „Пулс“ се користела пиротехника, прскалки, исто како и вечерта на концертот. Додаде и дека пред реновирањето плафонот бил повисок, но потоа бил спуштен.

– Кога се активираа прскалките, се запали плафонот од сунѓер. Знам дека беше сунѓер, бидејќи се гледаше сунѓерот. Настана паника. Луѓето почнаа да бегаат кон излезот, а пожарот се ширеше со огромна брзина. Настана стампедо кон вратата. Јас се онесвестив. Кога се освестив, бев под тројца. Пробав да ги разбудам, не успеав. Не можев да станам, морав да ги соблечам патиките, за да се извлечам. Истрчав надвор, видов еден од другарите како лежи. Помагав, на сите им требаше помош. Се упативме кон болницата да помагаме и таму останав до изутрината – сведочеше Марковски.

Причината за неговото онесвестување, како што рече, била екстремната топлина и густиот чад со мирис на изгорена пластика. Наведе дека на влезот од „Пулс“ имало ознаки за насоки за евакуација, како и на задната врата, но тие не биле видливи.

Марковски додаде дека за време на пожарот сопственикот на дискотеката Дејан, се качил на бината и се обидел да го изгаси огнот со противпожарни апарати.

– Додека можев да дишам, помагав во болницата, но следниот ден состојбата ми се влоши, бев префрлен во болница и потоа паднав во кома – изјави сведокот.

Поради повредите, Марковски бил лекуван во Словенија. Рече дека белите дробови му биле целосно црни, а дишните патишта изгорени. И денес има последици, односно, намален капацитет на дишење.

Тој додаде и дека во други вечери во дискотеката имало повеќе гости отколку критичната ноќ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation