Судскиот грански синдикат денеска соопшти дека вработените во судовите, јавните обвинителства и казнените установи на 13 март ќе стапат во едночасовен предупредувачки штрајк бидејќи не се исполнети нивните барања за подобрување на финансиската состојба на вработените во правосудството.
Штрајкот ќе се одржи утре од 11:00 до 12:00 часот во просториите на правосудните органи.
Како што се наведува во соопштението, на седница на Главниот одбор е донесена одлука на 18 март да се одржи целодневен штрајк доколку Министерството за правда продолжи да молчи за проблемите на вработените во правосудството.
Покрај лошата финансиска состојба, проблемите на вработените во судството ги вклучуваат и лошите услови за работа, застарените законски прописи, како и сè почестите случаи на мобинг на вработените, наведува Синдикатот.