Македонската судијка со знакот на ФИБА Ема Никочевиќ повторно судеше кошаркарски натпревар и започна ново поглавје, не само во кошарката и судењето, туку и во животот. Таа синоќа судеше пријателски натпревар меѓу кадетските репрезентации на Македонија и на Швајцарија што се играше во СРЦ „Кале“. Тоа беа 40. минути со кои таа ги остави зад себе сите оние здравствени проблеми со кои се соочи во изминатиот период од почетокот на месец јуни. Два месеца траеше животната неизвесност.
– По двомесечна пауза, моето враќање на теренот како кошаркарски судија беше исполнето со мешавина од возбуда и неизвесност. Искрено, имав многу прашања во главата. Односно дали ќе успеам да се снајдам, дали ќе ја издржам физичката динамика на натпреварот, дали ќе го следам критериумот што го бара играта. Сомнежот исчезна веднаш штом ја „свирнав“ првата одлука. Во тој момент, сè си дојде на свое место – вели нашата ФИБА судијка.
Ема искажа благодарност и до нејзините колеги кои беа со неа на теренот на вчерашниот натпревар Бисера Јакова и Иван Мијалковски, како и до сите официјални лица на записничката маса за пријатната и професионална атмосефра. Но, ја истакна и континуираната поддршка од кошаркарската федерација на Македонија.
Храбрата девојка, зад себе ги остава сите лоши моменти, животни проблеми.
Tagged as:
Судијката Ема Никочевиќ ја победи тешката болест и се врати на теренот како победник
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
